За програмата
Намена
Фокус
Цели
Центри
Развој
Упис

Програми
Достапно во 56 градови, во 7 земји
Пронајдете го најблискиот центар и започнете го вашето образование!
Франшиза
Драги пријатели,
Ви нудиме одлична можност да го подигнете вашиот животен стандард преку креативен начин и да станете наш локален партнер – со отворање на Училиште за брзо читање и мудро учење кај вас.
Со влегувањето во системот, локалниот партнер ги добива знаењата и вештините потребни за спроведување на програмата за брзо читање.

Имате прашање? Јавете ни се!
Задоволни родители
Мојата ќерка научи да чита побрзо и да пишува побрзо и подобро. Ми се допаѓа и тоа што се дружат со другарчињата, како и игрите и цртањето кои се дел од наставата. Се осамостои и многу брзо го подобри читањето. Искрено ја препорачувам програмава. Продолжете така.
Од кога доаѓа моето дете не се мачи толку со учењето. Повеќе се концентрира и побрзо ги разбира лекциите, а најважно ни е што со радост доаѓа на работилницитее и покажува интересњ за учење. И ние како родители сме многу задоволни од напредокот.
Со доаѓање на курсот, моето дете научи убаво да чита, стекна нови методи на учење и нови другарства. Навистина сме задоволни од постигнатиот напредок и го препорачувам овој курс.
Курсот многу му помогна на моето дете да се организира и самостојно да ги завршува обврските за училиште. Повеќе ужива во читањето и пишувањето, а истовремено се дружи и учи преку игри и активности. Го препорачуваме со цело срце.
FAQ
Училиштето за брзо читање и паметно учење е иновативна програма која им помага на децата и возрасните да ги подобрат своите вештини за читање и когнитивни вештини. Програмата се фокусира на стекнување техники на брзо читање, ефикасни методи на меморирање, како и презентациски вештини.
Програмите се прилагодени за различни возрасти, од деца од предучилишна возраст до возрасни. Секоја возраст има специјално дизајнирана програмска структура, прилагодена на нивните потреби и развојни фази.
Не, програмата не помага само во забрзување на читањето, туку и во подобро меморирање на материјалот, поефикасно учење преку различни техники, како и вештини за презентирање на наученото.
Просечната брзина на читање на учесниците на крајот од курсот е помеѓу 80 и 100 страници на час, во зависност од возраста и индивидуалниот напредок на секој учесник.
Апликациите може да се поднесат преку нашата официјална веб-страница, по телефон или директно во нашите центри. Исто така, организираме бесплатни промотивни и демо работилници каде што родителите можат да добијат подетални информации за специфичната програма и условите за школување.
Училиштето за брзо читање и мудро учење го доби Европскиот сертификат за квалитет на франшизата!
По обемниот процес на верификација на сите процеси и процедури со кои ова училиште ја спроведува својата програма и бизнис, Училиштето за брзо читање и паметно учење го доби Европскиот сертификат за квалитет на франшизата! Квалитетот на работата на Училиштето за брзо читање и паметно учење, како и неговиот бизнис модел на франшиза во регионот, е признат и од Хрватското здружение за франшизен бизнис, кое, заедно со Европскиот институт за франшиза, го издава Сертификатот за европски квалитет на франшизата, како гаранција за франшизерите дека ги исполнува сите строги европски стандарди во секторот за франшизен бизнис.



