Koliko jos moram da izdrzim

Намена

Училиштето за брзо читање и мудро учење е проект организиран во соработка со германската компанија „DOOR Training & Consulting“ од Висбаден.

Проектот се базира на развој и дистрибуција на програмата „Брзо читање и мудро учење“ наменета за деца од училишна возраст, како и за возрасни, кои сакаат – со помалку досада, труд и потрошено време – да постигнат подобри резултати во училиште, факултет и работа. Идејата на програмата е учесниците да научат:

  • подобро
  • побрзо
  • поефикасно

Идеални учесници во оваа програма се деца – бистри, но малку мрзливи, или вредни, но малку збунети, како и оние ученици кои силно сакаат еден или два предмети, а силно не ги сакаат другите. Програмата е исто така одлична поддршка за деца кои сериозно се занимаваат со спорт или некоја уметност.