20230222_184732.jpg – копија

Цели

Конкретните резултати од оваа програма варираат во зависност од возраста на учесниците, нивната мотивација, искуство и потреби, но врз основа на долгогодишното искуство во различни форми на дистрибуција на оваа програма, можат да се истакнат клучните цели што децата од училишна возраст обично ги постигнуваат со користење на вештините што ги учат додека ја посетуваат оваа програма:

  • четири до петкратно зголемување на брзината на читање – без оглед на видот на читање
  • 50 проценти подобрување на концентрацијата и разбирањето на прочитаното – без оглед на видот на читање
  • способност за брзо извлекување на најважните информации од лекцијата, нивно обликување во клучни зборови и организирање во дијаграмска претстава (мапа) од која можат течно да ја презентираат лекцијата на глас и полесно да одговорат на поставените прашања – со значително подобра долгорочна меморија
  • три пати побрзо памтење – во споредба со врсниците – на листи, дефиниции, песни и слични текстуални единици – со драстично подолго долгорочно запомнување
  • способност за планирање на учењето во група, што може драстично да го намали времето поминато во учење (особено погодно во случаи кога детето отсуствува од училиште долго време од некоја причина)