Клубот за мудро учење е наменет за сите што ја завршиле програмата на Училиштето за брзо читање и мудро учење и сакаат да продолжат да ги негуваат научените вештини и техники, но и да научат некои нови, напредни техники што го развиваат функционалното учење. Членовите на Клубот за мудро учење имаат можност да работат на своите материјали – материјали за читање, училишни материјали, материјали за ученици, деловни материјали или едноставно на книги и материјали што ги користат во слободното време – во релаксирачка средина и соодветно декорирани училници, под надзор на нашиот професионален наставен кадар. Учењето е лесно – ние знаеме како!
