Во работата со деца од училишна возраст, забележавме општ негативен тренд. Сè почесто среќаваме родители кои – со допир на загриженост – зборуваат за тешкотиите со кои се соочува нивното дете во пониските одделенија од основното училиште. Бидејќи предуслов за запишување во образовната програма Брзо читање и мудро учење е детето да може да чита релативно течно – за да може да ги совлада напредните техники на читање, но и другите техники што ја сочинуваат оваа образовна програма – ние развивме, а од јануари 2020 година воведовме во нашите училишта сосема поинаква образовна програма – наменета исклучиво за помлади ученици од основно образование (1-во-3-то одделение основно училиште) – наречена Мудро учење – од првиот чекор.
Главната цел на образовната програма „Мидро учење“ – од првиот чекор е да ги поттикне развојните способности на децата од рана училишна возраст, како и да помогне во надминувањето на тешкотиите во учењето – читање, пишување, пресметување, организирање и извлекување важни елементи од материјалот, усно изразување и развивање на самодовербата кај децата. Нашата задача е да ги активираме капацитетите за учење кај децата, фокусирајќи се на сите работи што децата на таа возраст можат да ги совладаат, и преку позитивни интеракции да ги обновуваме и збогатуваме животните искуства за просторот, времето, другите, себеси, возрасните, училиштето и животот.
Активностите во рамките на образовната програма „Мидро учење“ – од првиот чекор се организирани во групи до 12 учесници, почитувајќи ги индивидуалните капацитети на секој учесник и се прилагодени на индивидуалните карактеристики на учениците со цел да се подигне нивото на нивните лични достигнувања. Нашиот професионален тим е составен исклучиво од сертифицирани наставници за оваа образовна програма, кои исто така имаат афинитет и искуство во работа со деца. Програмата вклучува 64 училишни часа што сочинуваат осуммесечна образовна програма.
